Прашања
Тоа што најчесто нè прашуваат
Што сè можам да пробам во демо салонот?
Сè. Во демо верзијата се отклучени сите модули: онлајн закажување од аголот на клиентот, админ панел,
лојалност и маркетинг. Бесплатниот месец за твојот салон почнува со Админ панелот, а надградбите ги додаваш
кога ќе процениш дека ти требаат.
Дали клиентите мора нешто да инсталираат?
Не. Закажувањето работи во прелистувач, на секој телефон. Кој сака, може да ја додаде иконата на салонот на
почетниот екран и тогаш изгледа и се однесува како апликација.
Што ако и понатаму примам резервации по телефон?
Нема проблем. Телефонските и walk-in термините ги впишуваш во истиот календар за неколку секунди, па
сликата на денот е секогаш комплетна. Многу салони прво работат паралелно, па телефонот полека стивнува.
Дали сум врзана со договор?
Не. Претплатата е месечна, без обврска за траење. Откажуваш кога сакаш, а извозот на своите податоци
го добиваш при откажување.
Салонот ми расте. Што тогаш?
Venera расте со тебе: нови вработени, нови услуги и нови модули се додаваат од панелот, без
прекин во работата. Од еден стол до синџир салони, иста апликација.
Како почнувам бесплатен месец?
Јави се на kontakt@venera.mk или прво погледни го демото.
Салонот ти го поставуваме истиот ден, а пробата почнува кога ти ќе кажеш. Без картичка.